(Видео) Брајтон го декласира Челзи


untitled-3-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Брајтон го декласираа Челзи со 3:0 и скокнаа на шестото место на табелата во Премиер лигата. Челзи е во длабока криза, го запиша петтиот последовен пораз, мизеријата да биде поголема, на овие пет натревари „сините“ не успеаја да постигнат гол.


По само три минути игра, Брајтон поведе по голот на турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу.

Розениор се обиде да ја промени играта во корист на својот тим на почетокот од второто полувреме, но не успеа.

Гел Хиншелвуд го дуплираше водството на својот тим по асистенцијата на Жоргињо Рутер.

Конечниот резултат го постави Дени Велбек во првата минута од судиското продолжение.

Во следното коло, Челзи ќе игра дома против Нотингем Форест, додека Брајтон ќе гостува кај Њукасл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK