Клоп: Пред шест натпревари никој не размислуваше за ЛШ

klop_4355355353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Јирген Клоп смета дека никој не очекувал дека Ливерпул ќе биде вклучен во борбата за место во Лигата на шампионите.







Во моментов Манчестер јунајтед кој е последен во зоната на Лигата на шампионите има 63 бода од 33 натпревари, додека „Црвените“ имаат 62 бода по 35 одиграни натпревари.

-Пред шест натпревари никој не мислеше дека ќе бидеме на оваа позиција. Победувањето на натпреварите е најголемата работа што можеме да ја направиме во моментов. Ако Манчестер јунајтед ги одигра своите натпревари како што сака, ќе има седум бода предност и ќе биде навистина тешко да се стигне со него. Мораме да го направиме крајот најдобро што може. Замислете Манчестер јунајтед да „киксне“. Не верувам, но само замислете дека Манчестер јунајтед греши, а ние не го користиме тоа, изјави главниот тренер на Ливерпул.

Манчестер јунајтед вечер од 20 часот му гостува на Вест Хем во дуел од 35.коло на Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK