Роналдо и Меси повторно еден против друг

Роналдо-и-Меси-повторно-еден-против-друг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајцата фудбалери кои ја одбележаа не само последната деценија и пол во светскиот фудбал, туку се и на самиот врв на листата на најдобри фудбалери на сите времиња, наскоро повторно ќе излезат на терен еден против друг – Кристијано Роналдо против Лео Меси!



Славниот Португалец сега игра во саудискиот Ал Наср, Меси по заминувањето од Париз Сен Жермен во МЛС лигата, во Мајами, но иако заминаа во различни делови на светот, нивните патишта наскоро повторно ќе се вкрстат.

Денеска беше објавена информацијата дека Ал Наср на Роналдо и Интер Мајами на Меси ќе одиграат „блокбастер пријателски натпревар“ во февруари следната година, односно за само три месеци.

Оваа спектакуларна средба ќе биде организирана во Ријад, Саудиска Арабија, а точниот датум ќе биде објавен дополнително.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK