„Ризикот на Барселона со Де Јонг го плати Холандија“

i-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Френки Де Јонг еден од клучните фудбалери во системот на холандскиот селектор, Роналд Куман, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство.


Колку Де Јонг е важен за играта на Холандија, говори и податокот дек селекторот Куман беше подготвен да го однесе на ЕП и по цена да ги пропушти првите два натпревари од групата, против Полска и Франција.

Де Јонг со месеци има проблем со повредата на зглобот. Иако не беше целосно закрепнат, тој играше за Барселона против Атлетик Билбао на почетокот на март, но беше заменет во првото полувреме.

Потоа направи пауза до средината на април, за да се врати за двомечот во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен на 10 и 16 април.

Повредата ја обнови веќе на 21 април во „Ел Класико“.

Тој беше заменет во првото полувреме од натпреварот против Реал Мадрид и оттогаш нема одиграно натпревар.

„Најважно е здравјето на фудбалерот. Де Јонг има историја со оваа повреда, и покрај тоа неговиот клуб ризикуваше со него. Барселона ризикуваше со него, а сега ние, Холандија, го плаќаме тој ризик“, им изјаво Куман на новинарите откако Фудбалскито сојуз на Холандија објави дека Де Јонг нема да настапи на Европското првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK