Почетокот на судењето за смртта на Марадона одложен за октомври

210502135352-01-diego-maradona-2020.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кривичниот суд во Аргентина го одложи за 1 октомври почетокот на судењето за случајот за небрежност против осум лица кои наводно се вмешани во смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона.

Судењето требаше да започне на 4 јуни, но Кривичниот суд во Сан Исидро, на периферијата на Буенос Аирес, денеска соопшти дека страните вклучени во случајот покренале неколку прашања кои допрва треба да се решат. Судот дополнително не ја образложи одлуката.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, почина на 25 ноември 2020 година во Буенос Аирес на 60-годишна возраст од срцев удар.

Истрагата е покрената на барање на неговото семејство неколку дена по неговата смрт. Утврдено е дека имало могу пропусти и неправилности во неговото лекување, а против осум лица, меѓу кои и лекари и медицински сестри, се покренати правни постапки за можна одговорност за смртта на Марадона.

Тој закрепнуваше во својот дом откако беше подложен на операција за згрутчување на крвта во мозокот во ноември 2020 година. Обвинетите негираа какви било неправилности во третманот на Марадона.

Меѓу прашањата на кои треба да се одговори е дали на обвинетите ќе му судат тројца магистрати или народна порота, како што побара една од обвинетите медицински сестри.

На судењето се очекува да зборуваат повеќе од 200 сведоци, меѓу кои и ќерките на Марадона и поранешните партнерки.

Во медицинскиот извештај стои дека Марадона имал проблеми со срцето и бил во тешка состојба и дека не добил соодветен третман за пациент во неговата состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK