Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце.


Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант се на мета на Кил.

Милосављев е во Берлин од 2019 година, дојде во тимот откако ја освои европската титула со Вардар.

Минатата сезона, „Лисиците“ го продолжија договорот со првата ѕвезда на тимот, Матијас Гидсел, до 2029 година, и се чини дека во буџетот немаат доволно пари за да го продолжат договорот и со голманот.

Кјелце е во пад со години, по два настапи во финалето на Лигата на шампионите, сезоната пред минатата беше елиминиран во четвртфиналето, а претходната сезона веќе во првата нокаут рунда.

Веќе две години, тимот на Талант Дујшебаев го губи приматот во Полска од Висла од Плоцк. Ова лето, најголемото засилување е словенечкиот ас Алекс Влах од Алборг. Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица, десен бек на Загреб, заедно со Милосављев, ќе пристигне следното лето.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK