Мбапе нема да игра против Холандија

skysports-mbappe-frabce_6584311.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Францускиот фудбалер Килијан Мбапе нема да биде во конкуренција за натпреварот против Холандија (21.06.) поради повреда на носот.

Како што објави француски „Канал +“, Мбапе нема да се опорави од повредата здобиена на натпреварот против Австрија, а доколку биде во конкуренција за мечот со Полска ќе игра со заштитна маска.

Против Австрија, Мбапе беше најзаслужен за автоголот на Максимилијан Вебер, кој следеше веднаш по неговиот продор и опасниот центаршут од десното крило.

Франција има три бода по првиот дуел во групата, но сега без Килијан Мбапе работите значително се менуваат, а на мечот со Австрија повеќе се потпираа на индивидуалниот квалитет отколку на тимската игра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK