У20: Македонските кошаркари ја совладаа В. Британија за место во полуфиналето на ЕП во Скопје

kosharkari_u20_34553534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–  Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Велика Британија со 66-49.







Македонските кошаркари го контролираа резултатот од самиот почеток на четвртфиналниот дуел во СРЦ Кале и на полувреме имаа предност од 33-21.
Британците се доближија на минус четири поени негатива (40-36) во завршницата на третата четвртина, кога македонската репрезентација повторно влезе во ритам и без проблеми го приведе натпреварот до самиот крај.

Андреј Митревски со 17 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, која за противник во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Холандија и Украина.

Со евентуален триумф во следниот натпревар македонските кошаркари ќе обезбедат враќање во елитната А дивизија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK