Кирби укажа дека стратешките цели на Путин во војната против Украина не успеале

– Џон Кирби, координатор по стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, ја коментираше изјавата на претседателот на САД Џо Бајден дека претседателот на Русија Владимир Путин „ја изгуби војната“ во Украина. -Тој (Путин) сакаше да ја избрише Украина од лицето на земјата како независна држава. Тој сакаше да ја отстрани администрацијата на Зеленски. Сакаше да ја …

Continue Reading

Бајден за претседателската кампања собра 72 милиони долари

– Американскиот претседател Џо Бајден и Демократскиот национален комитет собраа повеќе од 72 милиони долари за неговата кандидатура за реизбор во првите 10 недели откако ја објави својата кандидатура за претседателските избори следната година. Ова е голема сума, но сепак не е рекорд за актуелниот претседател, пишуваат американските медиуми. Парите беа собрани од 25 април, кога Бајден ја објави својата …

Continue Reading

Почнува седумнаесеттиот меморијален турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“

– Седумнаесеттиот Меморијалем турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“ започнува вечерва во скопското село Глуво. На годинашното издание на турнирот учество ќе земат околу 27 футсал екипи кои, почнувајќи од утре, ќе се натпреваруваат во следниот месец. Наградниот фонд за првите три места изнесува 300.000 денари. Меморијалниот турнир селото Глуво го организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир …

Continue Reading

Бомгартнер: Постои моментум кој треба да се искористи, овде и сега, за европската иднина на Северна Македонија

 Повторно денес во Собранието треба да биде доставен предлог-закон кој се однесува на европската иднина на државата. Тоа е суверен избор што ќе треба да го направи Собранието. Нема да навлегувам во детали. Но би сакал да поставам прашање: дали треба да престанеме денес, од страв дека утре ќе мора да запреме? Влеговме во фаза на историско забрзување и проширување. …

Continue Reading

Судански групи за човекови права: РСФ затворија повеќе од 5.000 луѓе во нехумани услови

– Суданските групи за човекови права имаат докази дека Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) привеле повеќе од 5.000 луѓе во главниот град и ги држат во нехумани услови, изјавија денеска групите за британските медиуми. РСФ се бори против суданската Армија веќе три месеци и воспостави доминација над Картум. Жителите ги обвинија овие сили за ограбување и окупирање на …

Continue Reading

На тенискиот турнир во Дебар најдобар Емин Врзиволи

– Во Дебар заврши годинешниот тениски турнир, со чие одржување беше означен почетокот на манифестацијата „Дебарско лето 2023“. На овој спортски настан, поддржан од општина Дебар учествуваа 22 натпреварувачи, што е за десет повеќе од лани, а во финалето се сретнаа Емин Верзиволи и Рилинд Стрикчани. Подобар беше и пехарот му припадна на Врзиволи, познат дебарски стоматолог, кој беше победник и …

Continue Reading

У20: Македонските кошаркари ја совладаа В. Британија за место во полуфиналето на ЕП во Скопје

–  Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Велика Британија со 66-49. Македонските кошаркари го контролираа резултатот од самиот почеток на четвртфиналниот дуел во СРЦ Кале и на полувреме имаа предност од 33-21. Британците се доближија на минус четири поени негатива (40-36) во завршницата на …

Continue Reading

Бајден го укина студентскиот долг за повеќе од 800.000 Американци

– Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе укине студентски заеми во вредност од 39 милијарди долари за повеќе од 804 илјади кредитори, објави денеска американското Министерство за образование. Простувањето на долгот ќе биде достапно за оние кои најмалку 20 години плаќаат месечни рати под отплата според приходите (ИДР). Програмата ИДР го ограничува износот на отплата на должници со пониски …

Continue Reading

Спасовски: Националниот фронт за борба против корупција не е нова институција туку механизам за јакнење на системот

– Националниот фронт за борба против корупција, не значи формирање нова институција, ниту збир од институции кои тоа ќе го прават, туку воспоставување механизам на функционирање на сите подеднакво во целиот тој процес на преземање на активности и отстранување на недостатоците во сите сегменти, во МВР, во Јавно обвинителство, во судството. Едноставно јакнење на системот, истакна министерот за внатрешни работи …

Continue Reading