Атанасов најмлад тренер со титула во макбаскетот

atanasov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја почна со Александар Петровиќ на клупата, кратко време на неа седеше Драган Николиќ, но екипата кон јубилејната десетта титула ја однесе – Васко Атанасов.







Со 29 години и два месеца Атанасов влезе во историјата на макбаскетот како најмлад тренер со шампионски прстен.

– Радоста е голема, титулата го потврди нашиот квалитет и е награда за сиот труд вложен на стотиците тренинзи почнувајќи од август. Верувавме во себе, го анализиравме секој противник, поставувавме посебна игра со цел да му ги искористиме слабостите и на крајот дојдовме до целта. Заслугите за овој успех се буквално на сите во клубот, од прв до последен. Имам огромна благодарност за кошаркарите, за трудот и за вербата што ја имаа и за моите соработници од стручниот штаб, секако и за управата без која ништо немаше да биде возможно. Вложивме голем труд и сега заслужено треба да прославиме, изјави Атанасов.

Тимот од Аеродром вчеравечер ја освои 10. шампионска титула совладувајќи го во финалето на плејофот Пелистер со 3:0 во победи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK