Заврши третиот меѓународен боксерски турнир во Куманово

boks
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Куманово викендот се одржа третото издание на меѓународниот боксерски турнир – „Мирослав Петровиќ“.







На дводневното натпреварување учествуваа спортисти од повеќе држави од соседството, вклучително и македонски боксери како и боксери од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Австрија, Германија и Молдавија, информираа од општина Куманово.

Дводневниот турнир се одржа во училишната спортска сала на средното „Перо Наков“, поради временските услови не се одржа во„ Соколана“.

Организатор на турнирот е боксерскиот клуб Куманово во соработка со боксерска федерација на државата, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK