Анчелоти: На Реал му недостасуваше постојаност во текот на сезоната

ancheloti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашање што му недостигаше на тимот во сезоната 2022/23.







– Не ни недостигаше конкурентност во лигата. Имавме посилен состав од минатата сезона, но ни недостигаше стабилност. Тоа беше многу тешка сезона: Суперкупот на Шпанија во јануари, Светското првенство. Во февруари, борбата за шампионската титула. Сето ова не чинеше бодови во лигата. Сезоната беше добра и убеден сум дека следната година ќе биде подобра. Сега ќе се вратиме на 10 јули со уште поголема мотивација, ентузијазам и желба, изјави Анчелоти, цитиран од клупскиот сајт.

Италијанскиот фудбалски стручњак претходно потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Реал Мадрид заврши на второто место со 78 бодови. Победник во Ла Лига беше Барселона со 88 бодови.

Во Лигата на шампионите, избраниците на Анчелоти стигнаа до полуфиналето каде загубија од Манчестер сити (1:1, 0:4).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK