Јунајтед за талентот на Бенфика ќе понуди преку 100 милиони евра

118570.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Манчестер јунајтед планира во летниот преоден рок да го реализира трансферот на младиот играч за врска на Бенфика, Жоао Невеш. За да го донесе 19-годипникот на „Олд Трафорд“, Јунајтед е подготвен да го собори клупскиот рекорд кога е во прашање висината на обештетувањето.

Невес има 19 години и е еден од најважните играчи во тимот на Бенфика. Неговите одлични игри не останаа незабележани од великанот на „Олд Трафорд“.

Како што пренесува португалскиот „Рекорд“, Јунајтед е подготвен да одвои над 100 милиони евра за младиот Португалец.

Пол Погба е најскапото засилување во историјата на клубот, чии услуги ги чинеа „црвените ѓаволи“ 105 милиони евра. Според споменатиот портал, Бенфика најверојатно ќе бара 120 милиони евра за Невеш, што значи дека Јунајтед ќе го скрши клупски рекорд.

Приказната дополнително ја подгрева фактот дека Касемиро е подготвен да замине, додека Софијан Амрабат ќе биде вратен во Фиорентина. Исто така, Скот Мектомини игра во променлива форма од почетокот на сезоната. .

Јунајтед има идеја да му донесе на Бруно Фернандеш адекватен партнер на средината на теренот, а изборот падна на Невеш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK