Гвардиола: Халанд е најдобриот центарфор во светот

17022161682937.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Изјавата на секогаш остриот Рој Кин дека Ерлинг Халанд во последно време игра на ниво на играч од четвртата англиска лига, не остана незабележана од шефот на стручниот штаб на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Нормално, менаџерот на „граѓаните“ застана во одбрана на својот напаѓач, велејќи дека Халанд е најдобриот центарфор во светот.

„Изненаден сум што изјавата доаѓа од поранешен фудбалер“, рече Гвардиола, мислејќи на легендарниот капитен на Манчестер јунајтед.

„Не ми паѓа на памет да се расправам со него. Тоа е исто како јас да кажам дека тој е менаџер за втора или трета лига. Чудно е колку брзо луѓето забораваат. Проблемите со кои се соочуваат играчите денес, низ тоа во минатото поминувале денешните стручни коментатори“, алудираше Шпанецот на тоа дека Кин, како и другите поранешни фудбалери вработени во англиските телевизии, се соочувале со лошата форма и резултатска криза.

„Промашуваа шанси, промашуваа илјадници и милиони пати и секако дека не им било пријатно кога биле критикувани поради тоа“, дополни Гвардиола.

Во трката за „Златната копачка“ на Премиер лигата, Халанд со 29 гола на 35 натпревари се уште има предност пред Доминик Соланке, Мохамед Салах и Оли Воткинс, кои постигнаа два гола помалку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK