Гостивар е во завршни преговори со Нани

luis-carlos-almeida-da-cunha-1467209273-5634.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалскиот клуб Гостивар е во завршни преговори со португалскиот ветеран Нани (37), објави Макфудбал. Гостивар минатата сезона ја заврши на деветтото место.

Нани беше еден од најдобрите офанзивни играчи во Европа, а во дресот на Манчестер јунајтед освои дури 12 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2008. Сер Алекс Фергусон го донесе во 2007 година од Спортинг за 25 милиони евра. За тимот од Олд Трафорд настапуваше осум години, а потоа се пресели во Фенербахче.

Потоа го облече дресот на Лацио, па Валенсија, се врати во Спортинг, а беше и во Америка каде настапуваше за Орландо. Пред две години беше член на Венеција, а потоа играше и за Мелбурн, Австралија.

Неговиот последен ангажман беше во Адана, Турција. Во дресот на португалската репрезентација одигра 112 натпревари и постигна 23 гола. Пред осум години беше европски првак со Португалија.

„Трансфермаркт“ го проценува на 200 илјади евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK