Барселона ја доби драмата во Келн – Блауграна 12.пат е европски првак

12287522.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ракометарите на Барселона по драматичен финиш успеаја да го совладаат дански Олборг со 31:30 (15:15) и ја освоија 12.титула европски првак во клупската историја. Финалето го судеа Начевски и Николов. Овој меч беше последен во клупската кариера за Микел Хансен. Еден од најдобрите во историјата на ракометот кариерата ја заврши беа освоена Лига на шампиони.

Барселона до победата ја предводеа Ханиел Лангаро со осум, Дика Мем со седум, Тимоти Н’Гасан со шест гола. За Алборг, Микел Хансен постигна осум, Мадс Хангард и Томас Арлондс со по шест.

Во текот на првото полувреме се водеше голема борба за секоја топка, се играше по принципот гол за гол, а на крајот од овој период на семафорот стоеше 15:15.

Војната на нервите продолжи и во текот на второто полувреме, а Барселона на пет минути до крајот успеа да се одвои на 30:27. Алборг не се предаде, две технички грешки на играчите на Барселона беа казнети и Данците се проближија на гол негатива.

Алборг го имаше последниот напад, но немаше доволно време да стигне до израмнување и продолжение. На крајот од нападот Хансен се обиде но ја погоди гредата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK