Германија ќе биде домаќин на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Избраниците на Јулијан Нагелсман се во групата А со Швајцарија, Шкотска и Унгарија и ќе се обидат да ја освојат четвртата европска титула во својата историја.
Доколку германската репрезентација ја освои титулата европски првак ќе добие рекордни награди. Директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Андреас Ретиг, потврди дека секој фудбалер ќе добие по 400.000 евра.
Според тоа, ДФБ би требало да исплати 10,4 милиони евра за 26 играчи, што не би било проблем со оглед на тоа што УЕФА ќе го награди победникот со повеќе од 28 милиони евра.