Валенсија доживотно ќе им забрани влез на навивачите кои го навредуваа Винисиус

валенсија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Валенсија потврди дека полицијата идентификувала тројца навивачи кои извикувале расистички навреди кон напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија.

Прес-службата на клубот соопшти и дека овие навивачи ќе добијат доживотна забрана за присуство на домашните натпревари на тимот.


-Клубот ја повторува својата најостра осуда и силен став против расизмот и насилството во сите негови облици и ќе постапи со иста решителност кон сите овие лица, применувајќи ја најстрогата мерка: доживотна суспензија од стадионот. Натпреварот против Реал Мадрид се пренесуваше во живо и целосна лага е дека цел стадион извикуваше расистички навреди. Последниве денови имаше многу конфузија и дезинформации. Валенсија повикува на одговорност и строгост. Ова е многу чувствителна тема и секој треба да ја зборува вистината и да биде конкретен. Бараме почит. На расизмот нема место ниту во фудбалот, ниту во општеството, се вели во соопштението на клубот.

За време на средбата, Винисиус имаше конфликт со навивачите на Валенсија. Играчот неколку пати беше цел на расистички навреди упатени од трибините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK