Артета: Одлично е за клубот што Сака го продолжи договорот

артета
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Тренерот на Арсенал, Микел Артета го искажа својот став околу продолжувањето на договорот со напаѓачот Букајо Сака.







Денес, 23 мај, се дозна дека Арсенал потпиша нов долгорочен договор со Сака.

– Одлично е за клубот што Сака го продолжи договорот. Задржувањето на нашиот најдобар млад талент е клучно за нашиот континуиран напредок. Букајо е важен дел од нашиот тим сега и во иднина. Тој не е само фантастично талентиран, туку и посебна личност. Заедно со нашите навивачи, со нетрпение го очекуваме континуираниот развој на Букајо во тимот во наредните години, изјави Артета.

Сака е „дете“ на Арсенал. Порталот Трансфермаркт го оценува 21-годишниот Англичанец на 110 милиони евра.

Оваа сезона 21-годишниот напаѓач одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 13 гола и 11 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK