Викендов стартува финалната серија меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер за кошаркарската титула

mzt finale
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финалната серија за титулата во македонската кошаркарска Суперлига меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и битолски Пелистер ќе стартува в недела и ќе се игра според новиот систем „2-2-1“.







Финалната серија се игра до три победи, а првиот натпревар е на програмата на теренот на МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18 часот.

Вториот натпревар, исто така, ќе се игра во салата „Јане Сандански“, на 31 мај од 19 часот, по што серијата се сели во Битола, а МЗТ Скопје би бил домаќин на евентуалната мајсторка.

Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја освои јубилејната 10. шампионска титула, додека со евентуален триумф Пелистер прв пат во клупската историја ќе слави шампионска титула.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK