Тен Хаг за борбата со Ливерпул за топ 4: Сѐ во наши раце

ten-hag
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг ги процени шансите на Манчестер јунајтед да заврши во топ 4 во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ синоќа загубија на гостувањето кај Вест Хем со 1:0.







– Не се работи за Ливерпул, туку за нас, бидејќи според табелата се е во наши раце. Ако го покажеме нашиот фудбал, нашето ниво, ќе победуваме на натпревари. Не треба да гледаме во другите – треба да се погледнеме себеси и да најдеме начин да се вратиме на нашето ниво. Ништо не се смени. Ако победевме со Вест Хем, ќе ни беше полесно, но ни требаат три победи во четири натпревари. Се е во наши раце и мораме да веруваме во себе, изјави Тен Хаг.

По 34 натпревари, Јунајтед е на 4. место на табелата, пред Ливерпул со еден бод и со натпревар помалку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK