Ограбен домот на фудбалерот на Реал, Родриго

rodrigo real
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грабеж е извршен во домот на бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго. Неговиот дом е во населба во близина на шпанската престолнина, соопштија денеска полициски извори, додавајќи дека инцидентот се случил ноќта меѓу неделата и понеделник.







Полицијата на самото место затекнала „обиена врата и испревртени неколку соби“, но содржината и вредноста на ограбеното, засега, не се познати.

Родриго изминатиот викенд беше двоен стрелец во победата на Реал над Севиља (2-0) во финалето на шпанскиот Куп на Кралот.

Лани, исто така, беа извршени грабежи во домовите на соиграчите на Родриго, Дани Карвахал и Карим Бензема.

Шпанската цивилна гарда и Европол во есента 2019 година најавија разбивање мрежа крадци, чија цел биле фудбалери на мадридските фудбалски клубови, Реал и Атлетико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK