ЛШ: Леао неизвесен за пресметката против Интер

ls leao
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во таборот на Милан владее загриженост пред првата полуфинална пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ) против градскиот ривал Интер, а причина за тоа е повредата на Рафаел Леао, пренесуваат денеска италијанските медиуми.







Дваесетитригодишниот португалски фудбалер и веројатно најсилниот адут кој Милан го има пред двата полуфинални натпревари против Интер се повреди на последниот првенствен натпревар во Серија А.

Леао во победата на Милан над Лацио (2-0) мораше да го напушти теренот по само 11 минути. Иако тренерот на Милан, Стефано Пиоли, првично рече дека повредата на адукторот не е голем проблем, италијанските медиуми објавија дека настапот на Леао на дуелот в среда е под голем знак прашалник.

Леао со 12 голови е на шестото место на листата стрелци сезонава во Серија А, а и во натпреварите во ЛШ беше носител на играта на Милан.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK