Клоп: Ние сме во евро-куповите, а пред шест недели тие не беа ни видливи на хоризонтот

klop_23424234242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека играта на Ливерпул со Лестер (3:0) била блиску до идеална и дека тимот речиси да обезбеди настап во евро-куповите и следната сезона.







– Имавме околу 15 минути да сфатиме како да изградиме натпревар. И ми се допаѓа она што почнавме да го правиме после тоа. Постигнавме неверојатни голови. Имавме речиси совршен натпревар. Победата беше се што можевме да направиме. Мислам дека пласман во топ 4 е тешко достижен со оглед на нивото на конкуренција. Но, би било штета ако некој од нив да се сопне, а ние да не го искористиме ова. Значи мора да си ја завршиме нашата работата и да чекаме шанса. Мислам дека веќе обезбедивме пласман во европските натпреварувања, а пред шест недели тоа не се ни гледаше на хоризонтот. Тогаш ретко кој ќе поверуваше дека можеме да се бориме за Лигата на шампионите. Сега треба да се подготвиме за следниот натпревар. Унаи Емери прави пеколна работа со Астон Вила, изјави менаџерот на Ливерпул.

Ливерпул во моментов е на 5.место во Премиер лигата со 65 освоени бодови од 36 натпревари. Пред него се Манчестер јунајтед и Њукасл со 66 бода од 35 натпревари, Арсенал со 81 и Манчестер сити со 85 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK