Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

arsenal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арсенал ова лето би можел да го сруши рекордот на трошоците за трансфери, објави „Тајмс“.







Лондонскиот премиерлигаш е подготвени да потроши повеќе од 200 милиони фунти. Главните цели на „Топчиите“ се играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Кајседо.

Арсенал е втор во табелата во Премиер лигата со 81 бод по 36 натпревари. Во последниот натпревар лондонци убедливо загубија од Брајтон (0:3).

Речиси цела сезона Арсенал беше лидер на табелата во Премиер лига, но попушти во финишот и сега е само со теоретски шанси да биде подобар од Манчестер сити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK