Бускетс ја освои 32-та титула со Барселона и се изедначи со Иниеста, само Меси има повеќе

fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ја освои својата 32-та титула како дел од Барселона, која предвреме стана шампион на Шпанија. „Каталонците“ синоќа како гости го победија Еспањол (4:2) и обезбедија недостижна предност пред конкурентите за највисок пласман во Ла Лига.







Бускетс стана деветкратен шпански шампион. Има седум победи во Купот и Суперкупот на земјата, трипати ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Тој се израмни со Андрес Иниеста. Само Лионел Меси има освоено повеќе трофеи со Барса – 35.

Триесет и четиригодишниот Бускетс не го продолжи договорот со Барселона и во јуни оваа година ќе го напушти клубот како слободен играч.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK