Арсенал декласиран од Брајтон, на Сити му треба една победа за шампионскиот трофеј

arsenal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Арсенал вечерва загуби на домашен терен од Брајтон со 3:0  во 36. коло од Премиер лигата. Хулио Енцисо го отвори резултатот во 51. минута, Дениз Ундав, кој го замени, го зголеми водството на Брајтон во 86., а Пурвис Еступинјан го постави конечниот резултат.







Со освоени 81 бод, Арсенал заостанува четири бода зад лидерот Манчестер сити. Во исто време, на „Топџиите“ им преостануваат само два натпревара до крајот на првенството, додека Сити има уште три.

Претходно во текот на денот, Манчестер сити го победи Евертон како гостин со 3:0.

Арсенал долго време беше лидер во Премиер лигата, но не ја издржа трката со „Граѓаните“ кои се на само еден чекор до одбрана на титулата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK