(Фото) Јована Мицовска се закити со сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови


img_2642.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јована Мицовска се закити со сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА во Тирана, Албанија, откако во финалето загуби од претставничката на Турција Нурбаде Бубер со 1-3.


Мицовска до финалето забележа четири победи. Сепак, и сребрениот медал е голем успех за каратистиката на Макептрол.

Македонската унивезитетска репрезентцаија го завршува натпреварот во карате со еден медал – сребрен.

Многу близу до медал беа Петар Заборски и Вукашин Јовановиќ, така ги освоија петтите места.

На карате турнирот настапуваат 306 каратисти со 377 натпреварувачки влезови од 141 универзитет од 26 држави.

Во Тирана учестуваат повеќе од 1500 студенти – спортисти од околу 400 универзитети, кои се натпреваруваат во карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Резултати Европско универзитетско првенство:

-61 кг Јована Мицовска – Кјара Формисано (Италија) 7-2 Јована Мицовска – Ајсима Каракаја (Турција) 4-2 Јована Мицовска – Изабел Франко (Португалија) 3-3 Јована Мицовска – Леа Мари Бошард (Швајцарија) 6-3 Финале Јована Мицовска – Нурбаде Бубер (Турција) 1-3

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK