Офанзивниот играч за врска на Барселона, Фермин Лопез, заработи сериозна повреда на стапалото поради која ќе го пропушти Светското првенство.
Поради повреда, Фермин го напушти теренот на натпреварот против Бетис (3:1) во недела, а по денешните прегледи беше утврдена фрактура на метатарзалната коска.
Тој ќе мора да биде опериран, по што ќе следи пауза од неколку недели, и се очекува да биде подготвен за почетокот на летните подготовки со Барселона.
Ова е секако голем удар за Шпанија, особено откако Ламин Јамал и Нико Вилијамс се повредија во финишот од сезоната, а големото прашање е во каква форма ќе го дочекаат Светското првенство.
На тоа треба да се додаде и повредата на Микел Мерино, кој е во аут од почетокот на 2026 година, па Луис Де Ла Фуенте ќе има главоболки околу составот.
Да ве потсетиме, Фермин беше меѓу сигурните патници до повредата, ја доби довербата на селекторот по сезоната од соништата и многумина му предвидуваа дека ќе биде стартер на левото крило додека Нико Вилијамс не се опорави.
Тој одигра дури 48 натпревари во сите натпреварувања со учинок од 13 гола и 17 асистенции.
Foto/ Depositphotos