Без знамиња, химни и само во поединечна конкуренција – Олимпискиот комитет со одлука за руските и белоруските спортисти

pariz_olimpijada_2345234243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз во 2024 година, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

 


Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација.

Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во Париз. МОК посочи дека дозволата за учество на поединци на Игрите е почитување на човековите права. Досега на Игрите во Париз се пласираа осум руски и тројца белоруски спортисти.

„Низ постоечките квалификациски системи ќе бидат пласирани само многу ограничен број спортисти“, се наведува во соопштението.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Русија и Белорусија се дисквалификувани од спортските натпревари. Оваа година МОК бараше начин да ги врати спортистите од тие земји, а меѓународните спортски федерации во вторникот побараа од МОК да ги пречека руските и белоруските спортисти под неутрално знаме на Игрите во Париз што е можно поскоро. Решението што го предложија спортските федерации беше да ги примат под неутрално знаме, без државни симболи и химна.

Сега останува на раководното тело на секој олимписки спорт да го процени и спроведе неутралниот статус за поединечни спортисти кои не ја поддржувале активно војната и не се ангажирани во воени или безбедносни агенции.

Украина и голем број земји побара целосно суспендирање на Русија и Белорусија од Олимписките игри.

„Заштитата на правото на поединечни спортисти да се натпреваруваат и покрај суспензијата на нивниот национален олимписки комитет е добро воспоставена практика, почитувајќи ги човековите права“, се вели во соопштението на МОК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK