(Видео) Роналдо со гол го прослави јубилејот

Видео-Роналдо-со-гол-го-прослави-јубилејот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го одбележа јубилејниот 1200. натпревар во кариерата со гол за Ал Наср во победата над градскиот ривал Ал Ријад (4:1).

По повод големиот јубилеј, на стадионот на Ал Наср во Ријад пред почетокот на натпреварот се одржа пригодна церемонија во чест на 38-годишниот Роналдо.

Португалецот постигна гол во 33. минута, а во 45+3. минута му асистираше на Отава за 2:0.

На 3:0 зголеми Андерсон Талиска во 67. минута, а на 3:1 намали Енди Греј во 69. минута. Талиска го постигна вториот гол на натпреварот, во 90+4. минута и го постави конечниот резултат.

Во текот на својата кариера, Роналдо одигра за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал 438 натпревари (450), Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 46 натпревари (39). За португалската репрезентација настапи на 205 натпревари и постигна 129 голови.

Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците голманот Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK