Белингем под истрага

Белингем-под-истрага.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ла Лига ангажирала експерт за да ги истражи наводните навреди кои Џуд Белингем ги упатил кон Мејсон Гринвуд.

„Хетафе поднесе жалба до директорот на натпреварите во Ла Лига и, како што е нормално во овие околности, лигата побара од експерт за читање усни да ја истражи работата и да постапи по она што може да го потврди“, изјави денеска портпаролот на шпанската лига.

Според сликите кои ги објави шпанскиот печат, англискиот репрезентативец Џуд Белингем го нарече својот сонародник Мејсон Гринвуд „силувач“ на натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид, кој „кралскиот“ клуб во четвртокот го доби со 2:0.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед е на позајмица од англискиот клуб до крајот на сезоната, откако беше суспендиран од Премиер лигата во 2022 година поради обвинувања за силување и напад на неговата партнерка.

Обвиненијата беа отфрлени во февруари 2023 година, Јуанјтед не сакаше да му даде нова шанса, па Гринвуд се реше да ја прифати понудата на Хетафе. Во досегашнуот тек од сезоната, на 18 натпревари постигна четири гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK