Арсенал го победи Манчестер сити на пенали и го освои ФА Суперкупот

arsenal_35345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Арсенал попладнево го победи Манчестер сити со 1:1 во ФА Суперкупот на пенали со 4:1. Средбата се одржа во Лондон на стадионот „Вембли“.







 

Резултатот го отвори играчот од средниот ред на „граѓаните“, Кол Палмер, кој погоди во 77. минута по додавањето на Кевин Де Брујне. Во 90+11 минута израмни напаѓачот на „топчиите“, Леандро Тросард, а асистираше Букајо Сака.

 

Фудбалерите на Арсенал се покажаа попрецизни во пенал рулетот – 4:1.

 

Арсенал по 17-ти пат во историјата го освои ФА Суперкупот.

 

„Граѓаните“ минатата сезона ја комплетираа тројната круна, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK