Франција пресилна за македонските кадети на ЕП во кошарка

makedonija_francija_kosharkari_242342323
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје загуби убедливо од Франција со 113:56.







 

Ова беше натпревар од второто коло во Б-групата на Европското првенство А-дивизија.

 

Французите ја потврдија фаворитска улога, а избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе се обидат да го подобрат впечатокот веќе на утрешниот натпревар против Литванија која е единствената со максимален ефект во групата „Б“.

 

На другиот натпревар од 2. коло Белгија загуби од Литванија со 48:73.

 

Распоред за утре:
Франција – Белгија (13:30 часот)
Македонија – Литванија (18:30).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK