Аргентинците кренаа транспарент по големата победа: Фолкландските Острови се аргентински


14153625.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентина ја победи Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство и го обезбеди своето место во големото финале против Шпанија.


Прославата на спектакуларната победа, на теренот во Атланта брзо беше засенета од потег што одекна далеку над спортот.

Натпреварите меѓу Аргентина и Англија никогаш не се само фудбал. Сеќавањето на вооружениот конфликт за суверенитет над Фолкландските (Малвински) Острови од 1982 година и поразот на Аргентина во таа војна сè уште се длабоко вткаени во националната свест, а секој натпревар против Англичаните е можност да се потврди правото на Аргентина на тој јужноатлантски архипелаг.

Неколку минути по последниот свиреж на судијата, додека еуфоријата сè уште траеше, неколку репрезентативци на Аргентина, предводени од Џовани Ло Селсо, раширија транспарент на тревникот со јасна порака: „Малвинските (Фолкландските) Острови се аргентински“. Знамето првично го држеше Лисандро Мартинез, а потоа му се придружи и Ло Селсо.

Играчите се собраа околу транспарентот, правејќи го централен дел од нивната прослава на стадионот во Атланта. Овој потег беше директна порака и покрај претходните напори за смирување на тензиите.

Иако аргентинскиот селектор Лионел Скалони се обиде да ги смири тензиите пред натпреварот, нагласувајќи дека станува збор само за фудбал, беше јасно дека играчите го доживеале дуелот со дополнителна тежина.

Натпреварот беше прогласен за високоризичен, а американските власти организираа обемна безбедносна операција со повеќе од 1.600 полицајци. ФИФА и безбедносните служби предупредија на забрана од какви било политички или пораки на омраза.

Министерката за безбедност на Аргентина, Алехандра Монтеолива, дури изјави дека навивачите со знамиња или маички од Фолкландските Острови нема да имаат дозвола за влез. Таа рече дека „влезот со предмети што имаат каква било провокативна порака, без разлика дали е политичка или расна, ќе биде забранети“.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK