Рафаел Леао како што сега стојат работите ќе го напушти Милан ова лето.
Големата чистка на „Сан Сиро“ не е поттикната само од финансиски мотиви, туку и од желбата на португалскиот тренер, Рубен Аморим да се ослободи од фудбалерите кои не се вклопуваат во неговиот нов тактички систем.
Најголемото име кое е не е во неговите планови е првата ѕвезда на тимот – Рафаел Леао.
Иако португалскиот играч има откупна клаузула во договорот од нереални 175 милиони евра, Милан е свесен за реалноста на пазарот и е подготвен да го пушти за многу поскромни 60 милиони евра.
Тотенхем и Манчестер Јунајтед покажаа интерес за Леао, но сè уште нема конкретни понуди.
Доколку не најде нов клуб, Леао ќе се придружи на подготовките на Милан во Перт, Австралија, на 29 јули.
Foto/ Depositphotos