Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во втората рунда на УС Опен, откако неговиот ривал Доминик Копфер го предаде мечот при резултат 6:2, 3:2 во корист на првиот светски рекет.
Алкараз не е меѓу омилените играчи во Њујорк, па ја имаше и публиката против себе на овој меч. Во второто коло негов противник ќе биде Американецот Лојд Харис. Тој во три сета беше подобар од Гвидо Пела.
Јаник Синер со 3:0 во сетови го победи Германецот Јаник Хафман.
Кај дамите, Грит Минен со 6:1, 6:1 ја победи 40-годишната Венус Вилијамс, а Арина Сабаленка славеше против Марина Заневска со 6:3, 6:2.