31. финале во Купот на Македонија – За трофејот се борат Тиквеш и Воска Спорт

20240520123452.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија. Ова е прво финале за двата клуба, победникот ќе избори пласман во квалификациите во Конференциската лига.

Тиквеш и Воска Спорт од 19 часот ќе се борат за својот прв трофеј во најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија.

Патот до финалето во Купот на Македонија, Тиквеш

1/16 финале: Арсими – Тиквеш 1:2
1/8 финале: Пелистер – Тиквеш 0:1
1/4 финале: Тиквеш – АП Брера 1:1 (6:5 пенали)
1/2 финале: Шкупи – Тиквеш 0:0, 0:0 (3:5 пенали)

„Тиквеш има голема традиција, а сега првпат ќе играме и во финалето на Купот. Ќе дадеме се од себе, па и повеќе од тоа, за да слави цело Кавадарци. Подготвени сме, имаме позитивен притисок и навистина се надевам дека победа во финалето ќе биде круна на успешната сезона“, вели капитенот на Тиквеш, Александар Вареловски.

Патот до финалето во Купот на Македонија, Воска Спорт:
1/16 финале: Карбинци – Воска 0:10
1/8 финале: Воска – Струга ТЛ 0:0 (4:1 пенали)
1/4 финале: Брегалница – Воска 0:1
1/2 финале: Воска – Македонија ЃП 2:0, 1:2

„Очекувам добар натпревар. Тиквеш е квалитетна екипа, играат офанзивен фудбал и заслужено се тука. Ние исто така имаме свои очекувања од мечот за титула. Многу е поинаку од моите претходни искуства во вакви натпревари. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехарот. Блиску сме до пехарот, но треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин”, рече на прес-конференцијата капитенот на Воска, Костадин Захов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK