Ковачевски: Денес можете слободно да известувате и прашувате, денес не ви се јавува шефот на кабинетот да ви реди вести

mediumi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на поставувањето камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања се осврна на слободата на медиумите во земјава, нагласувајќи дека денес новинарите може слободно да известуваат, да поставуваат прашања, а прес-центарот на Владата им е достапен во секое време.







-Вие денес слободно можете да известувате, слободно можете да поставите колку сакате прашања, во секое време ви е достапен прес-центарот во Владата. Не ви се јавува шеф на кабинет на премиерот да ви реди вести. Слободно можете вашите 30 минути за вести да ги искористите како што сакате. Порано не можевте. Тоа е вистината, рече премиерот.

Тој говореше за тоа дали земјава има друга алтернатива освен европската и евроатлантската и истакна оти не постои друг пат за државата, иако некои, како што рече, даваат такви идеи.

-Која е втората алтернатива? Вие имате една алтернатива, тоа е што кажува Левица да сме биле дел од Централноазиска унија. Со кого Централноазиска унија? Погледнете ја листата – на најсиромашни држави во Европа. Тоа се сите таму што се членови на таа Унија. Ниту еден нема од ЕУ или од нашиот регион. Таму ќе оди Македонија? Или ќе го слушаме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека имало друга агенда за Македонија. Каква е таа друга агенда? Па ја гледавме таа агенда 11 години. Единаесет години лавови од два милиони евра, 11 години стиропори, 11 години палми во Вардар, 11 години купени медиуми за по 40 милиони евра годишно, 11 години ви редеа вести, они ви кажуваа стави го овој прилог прв, втор, трет, претседателот на опозицијата не го ставајте во вести. Така беше? Кажете ми дека не било така. Нека ми каже некој тука се сите – кажете дали не било така. Баш така беше. И на крај, кај се заврши работата? Се заврши со тоа што тогашниот премиер веќе не е во Македонија, неговите најблиски соработници се по судови и Македонија стоеше во место, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека сега имаме држава, која е на 38 позиција според слободата на медиумите, за разлика од претходно кога била на 140. место. – Ако вака продолжиме јас ви кажувам дека ќе бидеме први во светот, рече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK