Колева: ВМРО-ДПМНЕ има шанса прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ

koleva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ заедно со коалициските партнери, прави сè Македонија да продолжи напред по европскиот пат, да бидат спроведени реформите и да ја исполниме стратешката цел: членство во ЕУ.







Имаме историска шанса и можеме во тоа да успееме. До 2030 година да стоиме рамо до рамо, до нашите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија.

Ако сега ја испуштиме оваа шанса следна наскоро нема да добиеме. Само ќе загубиме 10 или 15 години, ќе стоиме во место и во изолација додека регионот напредува.

Тоа не смееме да го дозволиме, Северна Македонија нема време за губење, нашите млади македонски генерации немаат време за губење.

СДСМ ќе направи сè и ги повикува сите релеванатни политички партии да се приклучат на процесот, да го обезбедиме членството во ЕУ.

Заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат.

Опозициската ДПМНЕ досега нема поддржано ниту една стратешка одлука за земјата.

ДПМНЕ не го поддржаа Договорот од Преспа, не го поддржаа членството во НАТО, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ, ниту пак гласањето за Договорот ФРОНТЕКС.

Дури и најновата одлука на германскиот Бундестаг не беше поддржана од ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии.

Сега ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса да направат државнички потег за прв пат.

Откако променија став и не се против уставни измени, ДПМНЕ треба да остане во процесот, да продолжи дијалогот за уставните измени и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина на земјата.

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK