Џафери –Терлецки: Интегративниот процес би требало да е забрзан, не смее да се испушти можноста

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интегративниот процес во Европската Унија би требало да е забрзан, а земјава треба да го искористи моментот и не смее да ја испушти можноста, констатираа на денешната средба во Скопје претседателот на Собранието Талат Џафери, и потпретседателот на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлецки.







Оценувајќи ја посетата како мошне значајна, Џафери ја поздрави континуираната поддршка што Полска ѝ ја дава на нашата држава. Тој оддаде признание на улогата на Полска во однос на агресијата врз Украина, истакнувајќи дека земјава донесе Декларација со која ја осудува руската агресија; воведе санкции против Русија и во континуитет ја дава потребната поддршка на Украина.

Терлецки, истакна дека во неодамнешното минато интеграцијата во Европската Унија стагнираше, не по вина на земјите-аспиранти, туку по вина на самата Европската Унија. Имајќи ја предвид тековната ситуација, продолжи тој, интегративниот процес би требало да е забрзан, и ја повика Северна Македонија да го искористи моментот и да не ја испушти оваа можност, бидејќи се работи за иднината на државата.

Пред крајот на средбата, двајцата соговорници се заложија за интензивирање на соработката на парламентарно ниво, вклучувајќи ги контактите на највисоко ниво, вклучително и на ниво на Пратенички групи за соработка и Работните тела на Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK