Влада: Се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп – Битола, следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања

rabotnik_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Владата соопшти дека следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања на теренот за подготовка на изградбата на автопатот од коридорот 10 д, кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, откако вчера и официјално беше означен почетокот на работите. Ова е согласно предвидената динамика во договорот.







-Продолжуваат подготвителните градежни работи на коридорот 10д на автопатската делница Прилеп – Битола како дел од активностите за изградба на овој коридор чиј почеток на реализација беше означен вчера во Прилеп и кој на нашата држава ќе и обезбеди модерна автопатска делница која ќе го забрза патувањето кон соседните држави. Оваа автопатска делница со вкупна должина од 39,3 километри е приоритетна за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, како и за сите останати кои живеат или транзитираат низ овој регион, наведува Владата.

Со проектот е предвидена изградба на модерни автопатски делници на четири патни правци во должина од 110 километри, како дел од Коридорите 8 и 10д: автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола. Автопатските делници е предвидено да бидат изградени во следните четири години и седум месеци, а изведувач на проектот е американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

-Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава. Модернизацијата на двата Коридори 8 и 10д за Северна Македонија се можност за целосно интегрирање со регионот и со европската мрежа на коридори во Европа, преку кои создаваме можности за економска конкурентност и напредок на државата. Овој проект е најзначаен во историјата на нашата држава и од причина што Коридорoт 8, станува дел од мрежата на главните трансевропски коридори за што веќе следната недела Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија ќе потпишат анекс на договорот со кој Коридор 8 се вклучува во главните коридори во Западен Балкан како дел од трансевропските мрежи на ЕУ, наведува Владата.

Со реализација на овој проект се заокружуваме патната оска Исток – Запад, со што земјава се поврзува со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија.

-Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија. Во иста мерка значаен е и Коридорот 10д кој нѐ поврзува на југозапад со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија бидејќи со реализација на новата автопатска делница се забрзува патувањето во овој патен правец и се овозможува уште една врска со солунското пристаниште како услов за развој на пелагонискиот регион. Со изведбата на овој проект се обезбедуваат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Реализацијата на проектот и ангажманот на домашни компании во неговата изградба, ќе отвори голем број можности за нови бизниси и ќе се создадат услови за рамномерен регионален развој, а државата ќе се позиционира на светската економска и инфраструктурна карта, истакнува Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK