Во парк шумата Гази Баба се прославува Денот на Европа

skopje_shuma_gazi_baba_4535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Паркот Гази Баба е весела локација за да се прослави Денот на Европа, да се прослави обединетоста и различноста, а исто така и овој одличен град и неговите прекрасни луѓе кои се дел од овој настан, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите на прославата по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус Скопје во парк шумата во скопската населба Автокоманда.







-Не знам дали некој од вас бил во паркот Гази Баба, но доколку не сете биле ова е една од големите тајни на Скопје. Тоа е магичен парк со прекрасен поглед на целиот град и многу зелен. Затоа денеска сме токму тука за уште еднаш да го прославиме Денот на Европа со многу активности за сите – за децата, за возрасните, тука има трки има природа, храна и прекрасна музика, изјави Гир.

Прашан дали е соодветно европското знаменце да биде ставено на измените на законите потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д, евроамбасадорот рече дека денеска ќе се фокусира само на денешниот настан и додаде дека веќе има дадено многу изјави во изминатите денови на таа тема.

-Денеска дозволете ми само да се фокусирам на паркот Гази Баба и луѓето кои се забавуваат и уживаат, рече Гир.

Ваљон Салиу од Јуроп хаус Скопје  рече дека во нивна организација веќе имаше неколку настани за одбележување на Денот на Европа.

-Неделата почнавме со настан во Битола каде што Јуроп хаус отвори ново катче минатата сабота. Во текот на неделава имавме настан во Струмица и во Крива Паланка. Имавме и пречек на делегација во Старата скопска чаршија и денеска сме тука во убавиот парк во Гази Баба каде веќе се собираат луѓе, изјави Салиу.

Нагласи дека во текот на денот ќе има концерти на бендови од државава, ќе пеат Влатко Стефановски, Këpurdhat, Црно Собрание,…

-Имавме и еден мал маратон кој го  организиравме денес тука, има убаво детско катче. Ја користам приликава на сите да им го честитам Денот на Европа и да се дружиме што повеќе, потенцира Салиу.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK