Талевски: Заштеда на 150 милиони евра и побрза градба на коридорите, СДСМ го поддржува носењето на законите за стратешкиот проект

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел. Законите коишто се во интерес за побрза изградба на овој стратешки проект од национален интерес го блокираа во Собранието заедно со Левица. Наместо побрзо и поевтино, оваа блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Левица би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години, нагласи на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.







Тој посочи дека иако ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот да биде претставен во Собранието, не кажаа кога и на која комисија би се разгледувал цела недела. – Се покажа дека единствена нивна цел е да го блокираат стратешкиот проект, да шират невистини и да водат хајка против овој национален проект од големо значење, додаде Талевски.

Како што тој рече, СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да направи хаос од изградбата на коридорите.

– Нема да дозволиме да ги чинат граѓаните поскапо за 150 милиони евра и со години да се градат. Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид кој го направи ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на СДСМ ги поддржува предложените измени на пет закони поврзани со изградбата на делниците од коридорите со европско знаменце. Целта е делниците од коридорите да се изградат и побрзо и поевтино за 150 милиони евра. Бидејќи коридорите ЕУ ги впиша во картата на европски коридор и станува збор за стратешки регионален проект од гео-стратешко значење. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба. Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании. Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен ток, конечно станува вистинска крстосница, нагласи тој.

Талевски вели дека покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

– Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени. Ние како пратеничка група ќе ги искористиме сите механизми овие законски измени да бидат донесени во соодветна процедура со цел тие побрзо да бидат имплементирани. СДСМ продолжува со реализација на стратешките национални проекти, подвлекува Талевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK