Шаќири: Да се вклучиме сите и заедно да градиме хармонична училишна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поддршката од сите чинители во општеството е неопходна за да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. Оваа порака ја испрати првиот човек на Министерството за образование и наука Јетон Шаќири од Гостивар, каде присуствуваше на ученичкиот натпревар „Образовно рандеву“ во организација на Младинската асоцијација на средните стручни училишта во  Македонија (МАССУМ).







– Младите живеат во ново време со многу нови предизвици и мораме да наоѓаме начини како да ги елиминираме факторите и да го скротиме младинскиот, избувлив дух. Затоа денес и иницираме дијалог со експертската јавност и академската фела, како и со сите други надлежни институции, за да делуваме конкретно и час поскоро, рече Шаќири.

Министерот нагласи МОН отвора адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.

Обраќајќи се на отворањето на настанот во летниот амфитеатар на градскиот кеј, Шаќири потенцираше дека исклучително му е драго кога гледа како младите се дружат во и надвор од училиштето, заедно учат, се натпреваруваат со знаења и токму тоа треба да биде нивниот фокус, наместо размислувањата како да се испровоцираат врсниците од негативен аспект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK