Николоски: Шќеринска глуми задоцнет патриот, предавството ќе ви тежи цел живот !

nikoloski_3424
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него.







Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука.

Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува.

Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!

И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството!

За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА!

Линк од најважните моменти од дуелот во 2018

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK