Николоски: Нова линија Амстердам-Скопје. Владините политики во авиосообраќајот даваат конкретни резултати


avio_linija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НОВА ЛИНИЈА АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ

“Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати.


После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам.

Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.

За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните ”- напиша вицепремиерот Николоски  на својот фејсбук профил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK