И овој викенд продолжуваат теренските активности ,,Ова е Македонија за сите”, 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе посетат над 100 населени места, да се обединиме за иднината на Македонија

makedonija_site_34543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Теренскита посети во акцијата ,,Ова е Македониија за сите” продолжува и овој викенд. 19 тимови,  200 политички функционери ќе посетат над 100 населени места ширум Македонија.







Целта на акцијата е да се слушнат што повеќе проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да се слушнат нивните реални потреби и барања, а потоа да се изнајдат решенија.

ВМРО-ДПМНЕ скоро 2 години покажува како се владее и управува со локалната власт, а тоа ќе се преслика и на централно ниво.

Проблемите на граѓаните се нашиот мотив за работа и подобрување на оваа катастрофална ситуација во која живеат изминатите 6 години откако владеат СДС и ДУИ.

Мораме да изградиме држава во која младите ќе останат овде, работниците ќе работат тука, држава во која има квалитетно образование и здравство, и во која ќе има одговорност и ќе владеат законите подеднакво за сите.

Делуваме заедно со народот и ќе обезбедиме надеж и подобра иднина за сите.

ВМРО-ДПМНЕ ги носи промените. Ги повикиваме сите граѓани да се обединат за иднината на граѓаните и Македонија, да излезат масовно и да ги кажат своите проблеми и да бидат дел од промените.

Ова е Македонија за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK