Медицински сестри: Од најпочитувана до најдеградирана професија!

vmro-dpmne
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото “Сплотени до целта” во салата на Советот на Општина Кисела Вода, а во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се одржа дебата посветена на Неделата на сестринство на која присуствуваа претставници на здруженијата на медицински сестри и други медицински профили.







Анита Димовска, специјалист по семејна и патронажна грижа

Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството. Од земја лидер во сестринските практики до земја со најголема смртност во периодот на пандемијата. Од најпочитувана, до најдеградирана професија.

Можеме да молчиме и да гледаме стихијно како тонеме, но можеме да го одбереме и другиот пат сплотени сите професионалци со средно, високо образование, специјализации, магистри или доктори на сестрински науки,како и нашите логопеди, физиотерапевти, ртг технолози, биотехнолози, лаборанти, акушерки да ги обединиме нашите барања и со заедничка платформа да настапиме пред надлежните институции

Снежана Исаковска, медицинска сестра

Потребен е закон за медицински сестри

Условите за работа на медицинските сестри се потпросечни

Потребно е зголемување на коефициентот на плата со оглед дека во моментов платите на медициските сестри се демотивирачки, или се близу минималната плата

Гоце Марков, специјалист по семејна нега и патронажна медицина

Иако медицинските сестри и техничари се вклучени во примарно, секундарно и терциерно ниво и поминаа тежок период во ковид кризата не се соодветно вреднувани

Нема довлно медицински сестри и техничари, нивната бројка е алармантно ниска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK