Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ssnm_logo_345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Медиумска информативна агенција – МИА денеска повторно го изразија  незадоволството од непостапување по нивните барања.







Вработените по шестти пат излегоа на предупредувачки протест, поддржан од ССНМ, поради тоа што нивното барање за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година. Покрај зголемување на платите, исто така бараат и порамнување на трошоците за живот.

Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека се разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања, но за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за понеделник во 11 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK